Без струја повеќе села во регионот
07.09.2019 10:49
| KumanovoNews
Без напојување со електрична енергија денеска се повеќе села во поширокиот кумановско-липковски регион.

Според информацијата од ЕВН, без струја се селата: Мургаш, Кшање, Кокошиње, Пезово, Пелинце, Враготурце, Челопек, Коинце, Никуштак и Виштица.
Тимовите веќе се ангажирани за непречено снабдување со електрична енергија во наведените реони. За дополнителни информации, контактирајте на 0890 88888, - соопштуваат од Електродистрибуција Скопје.