Без струја села во Куманово и Крива Паланка, одрони на патот кон Кратово
Како последица на синоќешното невреме без напојување со електрична енергија се потрошувачите на повеќе села во кумановско и кривопаланечко, соопштува Регионалиот центар за управување со кризи (РЦУК).

Во Куманово во моментот без електрична енергија се селата: Орашец, Шупли Камен и Добрашане кај асфалтната база.
Во Општина Крива Паланка без електрична енергија се селата: Дрење, Киселица, Голема и Мала Црцорија, Трново, Слатино, Крстов дол и Подржи коњ.
Во Општина Кратово екипата на Македонија Пат е на терен на патниот правец А2 од м.в. Четал, кон Кратово и Пробиштип, поради поситни одрони на коловозот. Екипите го чистат патот, но сообраќајот се одвива редовно со претпазливост и внимателно возење.