Без вода населбите Железничка и Черкези, поради пукната водоводна цевка
25.11.2021 20:48
| Сузана Николиќ
Поради дефект на водоводна цевка Ф/355 во близина на ресторантот „Ројал Палас“ во нас. Черкези, времено ќе биде прекинато водоснабдувањето во населбите Железничка станица и Черкези.
(фото. архива)

„Екипи на ЈП „Водовод“ Куманово се на самата локација и работат на поправка на пукнатата водоводна цевка“, соопштуваат од претпријатието.