Без вода неколку локации во градот, поради дефекти и интервенции на водоводната мрежа
14.03.2022 09:17
| Сузана Николиќ
Потрошувачите на пет локации во градот денеска ќе имаат прекин на водоснабувањето, поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Според информација од ЈП „Водовод“, нивни екипи денеска работат на: ул. 120 нас. Карпош, училиштето „Перо Наков“, ул. Бајрам Шабани (раскрсница со ул. Б. Буха), ул. Вук Караџиќ , нас. Средорек и ул. Б.Б. Гуцман.
Дефекти на канализациона мрежа има на: ул. Никола Тесла пред бр. 140, ул. 1 нас. Долно Којнаре и ул. Тоде Думба.