Без вода неколку улици и една приградска населба
26.03.2021 08:52
| KumanovoNews
Поради интервенции на водоводна мрежа денеска без вода ќе останат потрошувачите на пет улици и една населба во Куманово.

Според информацијата на ЈП „Водовод“ вода ќе нема нa:
ул. „11 Ноември“ (од бр.1 до бр.48) – сектор Бинго Башкими
ул. „Братство Единство“
ул. „Трајко Прокопиев“
ул. „Страшко Симонов“
ул. „Правда Спасовска“ и
нас. Железничка Станица.