Без вода повеќе делови на градот
10.07.2020 07:45
| KumanovoNews
Денеска без вода ќе останат потрошувачите на повеќе делови на градот, поради дефект на водоводната мрежа.
Според информацијата од ЈП „Водовод“ прекин во водоснабдувањето ќе има на м.в.Аџитепe и улиците: ул. Миодраг Петровиќ, ул. Милан Лисица, ул. Трст, ул. Србо Томовиќ, ул. Димче Каранфиловски, ул. Прва Петолетка, ул. Анѓа Ранковиќ, ул. Ѓорче Петров бр.24 и околни објекти и ул. Средорек.
Интервенции на канализациона мрежа ќе има на: ул. Индустриска, ул. Народна Револуција, ул. Бошко Буха и ул. Титова Митровачка.
Реконструкција на оштетени тротоари и коловози од дефекти на водоводна и канализациона мрежа: ул. 11ти Ноември, ул. Боро Прцан, ул. Орце Николов, ул. Вардарска, ул. Карл Маркс и ул. Благој Илиев - Гуне.

