Без вода повеќе делови на градот
24.11.2021 09:34
| Сузана Николиќ
Поради интервенции на водоводната мрежа денеска без вода за пиење ќе останат потрошувачите на неколку улици во градот.

Според ЈП „Водовод“, прекин во водоснабдувањето ќе има на:
ул. Никшиќка
ул. „Б.И.Гуне“ (круг на поранешна фабрика Киро Фетак)
ул. „Ѓ.П.Стари“ бр. 64 и околни објекти
бул. „Октомвриска Револуција“ (сектор Стокомак)
ул. „11 Ноември“
м.в. „Палестина“ нас. Долно Којнаре
м.в. „Стари лозја“
ул. „Никола Вапцаров“
ул. „Веселин Вуевски“
бул. „III МУБ“ бр.114.