×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Безбедно детство“ - мото на показната вежба на општинските служби

    09.09.2021 06:54 | Сузана Николиќ

     По повод Денот на независноста, по седмипат во Куманово се одржа показна вежба на службите кои се грижат за здравјето и безбедноста на граѓаните. Манифестацијата ја организира СВР Куманово, во соработка со Црвен крст, Итната медицинска помош и Територијалната противпожарна единица Куманово.

    „Безбедно детство“ - мото на показната вежба на општинските служби

    Началничката на Отсекот за превенција Виолета Богдановска, вели дека оваа година пораката е упатена на најмалите за нивно безбедно детство, а целта е да се изгради доверба дека тие можат да се обратат на локалните институции секогаш кога ќе имаат потреба од нивна помош.

    „Пораката до младите е дека сите треба да дадеме свој допринос, бидејќи безбедноста како и се друго зависи од сите нас, не само од институциите, туку и од граѓаните, а младите се иднината на нашата држава и иднината на светот“, изјави Богдановска.

    Таа додаде дека од оваа година во манифестацијата се вклучи и Општинскиот совет за превенција од детско престапништво, кој е формиран во 2019 година.

    Претседателката на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска, ги поздрави присутните и го честиташе празникот, при што ја истакна важноста на овие институции, кои се први на борбената линија секогаш кога треба да се пружи помош на граѓаните и да се заштитат матерјалните добра во градот и државата.

    „Овдека гледаме мини смотра на дел од опремата на институциите кои се грижат за редот, мирот и безбедноста, дел од промотивниот материјал, а членовите на Советот на Општина Куманово, вработените во Општината и другите институциите се учесници на многу акции со коишто се промовира безбедноста и се поттикнува свеста на граѓаните за одговорноста на сите сограѓани, а особено на најмалите“, рече Мургашанска во своето обраќање.

    Таа додаде дека Советот на Општина Куманово го основаше Советот за превенција на детско претстапништво и е негов потикнувач и соработник. Тие се горди на најмалите кои се смислата и иднината на државата, а имаат таква свест и одговорност  да се грижат за сопствената и безбедноста на своите другарчиња.

    Членовите на општинската организација на Црвен Крст Куманово изведоа показна вежба за спасување на повреден во сообраќајна незгода, а имаше и пригодна уметничка програма подготвена од учениците.