Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонската спортско качувачка федерација(МСКФ) и Спортско качувачкиот клуб Карпош, денеска организираат алпинистички маратон во Бислимска клисура во близина на Куманово, спортски настан, кој треба да го претстави Бислим пред качувачката заедница на Македонија.
- Покрај натпреварувачкиот дел, ова е одлична можност и да ви го презентираме новиот локалитет, самите да се уверите во потенцијалот што го нуди, како и сите заедно да качуваме и да се дружиме во преубавата природа на Бислимска клисура. За таа цел, ве покануваме денеска (18.10.) да не посетите во Бислим, кој се наоѓа на 9 км од Куманово, на самиот крај на селото Пчиња и заедно да го означиме почетокот на убава качувачка и авантуристичка сезона која следи во Бислимската Клисура, - информираат организаторите.
Маратонот ќе започна во 9 часот, а ќе трае до 18 часот попладне.
Тимот на МСКФ, со поддршка од „ЛАГ АБЕР 2015“ од Куманово, како и директна помош од Швајцарската амбасада во Скопје, оклинчиле околу 70 нови насоки.
- Тие сеуште не се искачени и нудат одлична можност за организирање на On sight climbing marathon – спортски настан каков што оддамна немало во регионот. Горди сме што токму ние- МСКФ и Спортско качувачкиот клуб Карпош сме носители на оваа организација која треба Бислим да го претстави пред качувачката заедница на Македонија, - додаваат од МКСФ.
Отварањето на новиот спортско качувачки локалитет- Бислимска клисура, започнал на почетокот на годината со огромен ентузијазам на членовите.
Потенцијалот што овој локалитет го нуди го забележале од Македонската спортско качувачка федерација и веднаш пристапиле кон оспособување на нови насоки, за
Бислим да прерасне во омилен зимски качувачки локалитет на голем број качувачи.