Бобан Николовски разрешен од Советот, на негово место Мирослав Тричковиќ
25.02.2022 12:01
| Сузана Николиќ
Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бобан Николовски денеска е разрешен од член на Советот на Општина Куманово, бидејќи е назначен за в.д. директор на ЈП „Куманово-план“.

Поради неспоивост на двете функции тој си поднесе оставка и денеска му беше констатиран престанок на мандатот.
Нов советник во Советот на Општина Куманово ќе биде Мирослав Тричковиќ од ДПСМ кој е следен на листа, коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ.