Богдан Таневски нов директор на Кумановскиот музеј
Богдан Таневски е нов директор на НУ Музеј Куманово, а доаѓа на местото Дејан Георгиевски.

Известувањето за смена од Министертсвото за култура стигнало вчера , а примопредавањето на функцијата започнало од денеска.
Таневски во телефонски разговор ни потврди дека е назначена за директор во Кумановскиот музеј, откако му завршил мандатот на досегашниот директорот Георгиевски.
Таневски работи како советник - кустос во Музејот долги години, а во два мандата од 1994 до 1998 и од 2002 до 2006 година беше прв човек на Кумановскиот музеј.
Досегашниот директор археологот Георгиевски само шест месеци ја раководеше институцијата, откако предходната директорка Анита Цветановска по два мандати си даде оставка и стана нотар.