Бојан Костадиновски го фати светиот крст во црквата „Свети Никола“ во Куманово
19.01.2024 10:58
| Сузана Николиќ
Бојан Костадиновски(21) од Куманово беше најсреќен и го фати светиот крст во базенот на црквата „Свети Никола“ во Куманово.

Бојан скока по крстот трета година по ред, а првпат го фаќа крстот.
„На сите им посакувам многу здравје, среќа, радости и бериќет, а другото ќе си дојде само по себе. Првпат го фаќам крстот по три години учество. Очекувам дека оваа година ќе ми биде успешна“, вели Бојан.
Тој од црквата, општината и приватни спонзори доби награди.
За светиот крст во базенот на црквата „Св. Никола“ скокаа 50-тина момчиња.