Бојан Стојковски нов секретар на СДСМ Куманово
04.08.2022 11:07
| KumanovoNews
Бојан Стојковски е новиот секретар на општинската организација на СДСМ Куманово.

Извршниот одбор на последната седница донесе одлука за избор на нов секретар на огранокот, откако Андријана Недељковски поднесе оставка.
Бојан Стојковски е дипломиран економист. Тој е долгогодишен член на СДСМ, а од 2019 до 2021 година е член на извршниот одбор на на младите.
По изборот на претседателот Александар Тушевски и новото општинско раководство, тој е дел од ИО на СДСМ Куманово.