×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бојкотот на матурантите ставен во мирување, се чека одлука во Парламентот за нивните барања

    08.02.2021 11:08 | KumanovoNews

    Матурантите од денеска се вратија на настава, откако во второто полугодие започнаа бојкот со барање да се преполови бројот на предмети за државна матура.

    Бојкотот на матурантите ставен во мирување, се чека одлука во Парламентот за нивните барања

    Генералното собрание на Сојузот одлучи да го стави во мирување бојкотот и да остави на Парламентот да најде решение, откако опозициските партии поднесоа Предлог-закон за измени и дополнување во Законот за средно образовние.

    Мината недела, дел од претставнците на Сојузот на средношколци имаа средби со сите пратенички групи од кои се надеваат дека нивното барање ќе се исполни – полагање на мајчин јазик и изборен предмет кој ќе биде од корист при упис на факултет.

    „Оставаме простор да се разгледа предлог-законот и да се најде соодветно решение. По средбата, сигурни сме дека имаме поддршка од повеќе од 70 пратеници. Доколку не се прифатат барањата, можно е да кампуваме пред МОН, поради немањето на слух за нашите конкретни предлози и барања за проблемот,“ велат од средношколскиот сојуз во Куманово

    Од испитниот државен центар, уште во ноември ги соопштија датумите за полагање на матурата. Во период од 29-ти мај до 14-ти јуни 2021 година, учениците ќе имаат испити по трите екстерни предмети, уште еден интерен и обврска да изработат проектна задача.

    (Д.Д.)