Борислав Кузмановски го фати светиот крст во црквата „Свети Никола“
Борислав Кузмановски (23) од Куманово вработен во АРМ го фати светиот крст во базенот на црквата „Свети Никола“ во Куманово.

Кузмановски за првпат го фаќа крстот, а по трет пат скока по него на големиот христијански празник Богојавление - Водици.
„ Не очекувава дека ќе го фатам крстот, но среќата денеска беше на моја страна и се надевам дека ќе ме следи во текот на целата година. Скокав заради здравје, таков е адетот на овој голем празник. Посакувам на сите мои сограѓани многу здравје, среќа и љубов. Им порачувам на младите да се пријавуваат на оваа манифестација и да ја продолжат оваа наша убава традиција“, кажа Кузмановски.
Кузмановски доби подароци од црквата и донатори, а градоначалникот му врачи телевизор.
Во базенот на црквата „Свети Никола“ денеска скокаа околу 50-тина момчиња.
Ивана Алексовска