×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бошковска: Овој викенд граѓаните ќе купуваат домашни производи и ИТ опрема без ДДВ

    09.10.2020 17:53 | KumanovoNews

    Во период на сериозна глобална здравствена и економска криза, државата застанува зад секој поединец, зад секој приватен субјект кој е погоден од негативите последици и затоа овозможи 350.000 граѓани, корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври можат да купуваат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари и во рок од неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ, рече портпаролкана на општинската организација на СДСМ, Катерина Пешиќ Бошковска на денешната прес-конференција.

    Бошковска: Овој викенд граѓаните ќе купуваат домашни производи и ИТ опрема без ДДВ

    Според проценките, преку оваа мерка ќе се оствари промет од 170 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра преку повратот на ДДВ. Досега, за една година преку оваа мерка веќе се вратени над 11 милиони евра кај граѓаните.

    - Со новиот пакет економски мерки, платежни картички со износ од 6.000 денари ќе добијат над 5.700 самохрани родители, над 180.000 пензионери со пензии до 15.000 денари, невработени лица кои се пасивни баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници. Платежни картички „Купувам домашно“ ќе добијат и дополнителни 540 студенти, како и граѓаните кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи. Вкупно, со оваа мерка се опфаќаат над 283.000 наши сограѓани, а нејзината вредност изнесува 27,6 милиони евра. Покажавме и покажуваме дека никој не е сам. Владата предводена од СДСМ ќе помага уште повеќе, за да биде уште подобро за сите, - додава Пешиќ Бошковска.