×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Божиновски го повика Димитриевски да дојде на протестот на ВМРО-ДПМНЕ во одбрана на историјата на државата

    02.12.2020 10:13 | KumanovoNews

    Игор Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ го повика градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, да се приклучи на протестот на неговата партија во одбрана на историските факти на државата, откако првиот човек на градот во повеќе наврати преку социјалните мрежи изрази незадоволство и протест против омаловажувачкото однесување на бугарските политичари во однос на постоењето на македонската држава и идентитет.

    Божиновски го повика Димитриевски да дојде на протестот на ВМРО-ДПМНЕ во одбрана на историјата на државата

     - Го повикувам градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, доколку е искрен во тоа што го кажува и пишува да ни се приклучи на протестот, против искривување на историските факти кои се значајни за нас како Македонци, - изјави Божиновски пред куќата на Христијан Тодоровски Карпош во Куманово.

    Тој вели дека во миговите кога се решавала судбината на земјата, нашите баби и дедовци не се двоумеле, не калкулирале, ниту пак не се воделе од личен интерес.

     - Сега е моментот да се сплотиме надпартиски и да кажеме сите гласно доста е за погубната и бесрамна тезгаџиска политика на Заев. Македонци сме и не ни личи да се понижуваме и не смееме да дозволиме пред очи да ни ја распродаваат Македонија. Мораме достоинствено да ја браниме, - додаде Божиновски.

    Тој ги повика сите граѓани денеска во 18 часот да се соберат на паркингот пред спортската сала во Куманово и со своите возила да направат протесно кружење низ градот почитувајќи ги мерките за претпазловост за ковид-19.