Бранко Ракиќ нов началник на СВР Куманово
22.07.2022 15:38
| Сузана Николиќ
Бранко Ракиќ е новиот началник на СВР Куманово. Тој неделава е назначен за прв човек на кумановската полиција со решение на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Ракиќ доаѓа од местото раководител на Мобилната единица за безбедност во патниот сообраќај, а од 2000 година работи во униформираната единица на МВР.
Тој е роден 1974 година. Дипломирал дефентологија на Институт за безбедност, одбрана и мир.
Ракиќ ќе го замени досегашниот началник Стојанче Величковиќ, кој замина во пензија.