×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски доби награда во Брисел за најдобар градоначалник на Ромите

    19.05.2022 08:50 | KumanovoNews | Преземено од: mkd.mk

    Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска во Брисел доби награда за најдобар градоначалник на Ромите од Македонија.

    Димитриевски доби награда во Брисел за најдобар градоначалник на Ромите

    „Голема е честа за мене како градоначалник и за моите сограѓани во Куманово, што сум избран за градоначалник - најдобар пријател на Ромите, овде во срцето на обединета Европа. Овде сум претставник на Северна Македонија, но тоа е Македонија. Јас сум Македонец и живеам во град каде што има најмалку 10 етникуми кои живеат заедно во мир со години, со векови, и ние сме многу горди на тоа. Во нашата општина имаме мала верзија на Европската Унија. Ние сакаме да ви се придружиме, да бидеме со вас, заедно, да ги делиме истите вредности, бидејќи во 21 век не сакаме да зборуваме повеќе за поделба и дискриминација“, рече Димитриевски.


    „Граѓаните на Куманово сакаат да се заблагодарат затоа што ние се гордееме со вас, но ве молам дојдете и поддржете не. Не е прифатливо во 21 век да се блокира некоја земја за да не може да се пркилучи на ЕУ. Како што кажавте дека Западен Балкан припаѓа во Европа, ние навистина припаѓаме на Европа и ние сме европејци исто како и вие. Токму затоа ние сакаме да бидеме со вас. Ајде заедно да зборуваме со нашите соседи, особено со Бугарија, да не се зборува веќе за историјата. Ние сме Македонци, како што Ромите се Роми, како што Албанците се Албанци, сите имаме наша сопствена историја, традиција и култура. Блокадата мора да сопре, да се обедини целиот Западен Балкан и сите да се приклучиме на ЕУ. Сите европејци заедно во ЕУ!“, истакна Димитриевски.

    Тој упати голема благодарност до европратеникот Ромео Франц кој му ја врачи наградата, како и на сите членови на Европскиот парламент, до Рома актив Албанија и Мрежата ЕРГО, кои во соработка со ЕУ успешно го координираа овoj проект.