×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Брзата пруга на Коридорот 10 ќе биде “златната кокошка” за Македонија, кажа Николовски

    06.05.2025 17:07 | KumanovoNews

    Изградбата на брза пруга на Коридорот 10 несомнено ќе биде “златната кокошка” на Макeдонија бидејќи ќе носи многу профит, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
     

    Брзата пруга на Коридорот 10 ќе биде “златната кокошка” за Македонија, кажа Николовски

    Тој најавува изградба на брза пруга која во патничкиот сообраќај ќе се движи од 160 до 200 км на час, а во карго превозот со максималана брзина до 120 км на час. Тоа според вицепремиерот е условот за економски развој на земјата.
     
    “Сакам да имаме пруга која во карго делот со 120 км на час ќе бидеме конкурентни на најдобрите пруги во Европа, што значи дека државата ќе се поминува за нешто час и половина што многу ќе значи за развојот на трговијата и очекувам тоа да е златната кокошка на Македонија. Многу профит ќе ни носи ако ја изградиме железницата на Коридор 10. Се работи за економски највиталниот коридор во цела Европа, односно може да носи најмногу пари.  Еве еден податок. По автопатот кој оди од северната до јужната граница, годишно поминуваат над 10 милиони патници. Ако секој од нив барем едно кафе купи значи 10 милиони остануваат во државата, а инаку приливот од патарини само од коридор 10 е некаде 58 милиони евра годишно. Замислете да почне железницата да оперира како што треба и да се отворат двете грчки пристаништа Пиреа и Солун а ќе се отворат, затоа што тоа е стратегиски проект, мој личен проект и мој сон за што зборував и во опозиција и една од главните причини зошто сум во овој ресор. И за многу брзо ќе слушнете убави вести”, истакна вицепремиерот Николоски.