×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Бучен Козјак“ го прослави роденденот и Денот на млекото со своите најмали потрошувачи во Куманово

    02.06.2023 11:42 | Сузана Николиќ

    Реномираната компанија за преработка на млеко и прозводство на млечни производи „Бучен Козјак“, вчера го прослави Светскиот ден на млекото и 40-тиот роденден со своите најверни потрошувачи - децата, на градскиот плоштад во Куманово. 

    „Бучен Козјак“ го прослави роденденот и Денот на млекото со своите најмали потрошувачи во Куманово

    Како општествено одговорна компанија, „Бучен Козјак“ постојано поддржува  проекти за едукација и негување на вистинските вредности кај најмладите, со што дава придонес во градење на нивните личности. 

    „Во развојот на децата, основно е да ги учиме и за здравите навики и користењето на здрави и квалитетни производи, како што се нашите млечни производи, кои ќе им овозможат да имаат весело детство и здрав раст. Така и со овој настан,  ја покажуваме  грижата за нашите најмали потрошувачи,  тие да бидат здрави и да растат со вистински вредности. Негувањето на традицијата е наша водилка и за следните генерации, затоа сакаме  да се вткаат овие вредности и во растот на најмалите генерации, да ја сакаат традицијата, да ја негуваат и зачувуваат“, велат од „Бучен Козјак“.

    На платото пред Центарот на култура, најмалите и нивните родители повеќе од три часа уживаа во богатата музичка програма на познатите ѕвезди од детска, забавна и народна музика.

    Програмата, ја збогати настапот на младата и талентирана Мартија Станојковиќ, познатата Пинкова ѕвездичка, фолк пејачот Душко Георгиевски, придружуван од познатата инструменталистка Бајса Арифовска, оркестарот „Симфониум“, од средношколците на кумановската гимназија „Гоце Делчев“, дечиња од фестивалот „Распеано детство“ и „Бисерчиња“ и фолклорната изведба на ора од Детско младински фолклорен  ансамбл „Срма“. 

    Децата имаа можност да бидат дел од креативното катче и да изработат уметнички дарби, на тема млеко и дружба со брендот на „Бучен Козјак“.

    Во текот на целиот настан ги дегустираат производите на „Бучен Козјак“ и другаруваа со нивниот заштитен знак, Кравичката- маскота.

    Компанијата  „Бучен Козјак“ годинава ја прославува својата 40-годишнина од постоењето, како докажана и една од најуспешните компании од македонската млечна индустрија.

    Нивните производи се доминантни во потрошувачката кошница на купувачите, поради континуираниот квалитет и традиционалниот начин на производство, кој ја прави уникатна на пазарот, одвојувајќи ја од конкуренцијата. 

    Производите на млекарницата се препорачани од Здружението на педијатри на Македонија.

    Компанијата „Бучен Козјак“ е основана во  1983 година, а низ својот развој чекори со јасна визија: „Да се откупува само квалитетно млеко и да се произведуваат природни млечни производи“. Природниот вкус на производите е тоа што ја прави млекарницата препознатлива на пазарот. Нивното долгогодишно постоење зборува за дисциплинираноста во работењето, а сето тоа е препознаено од страна на потрошувачите и е наградено со нивната доверба.