Будно се следи состојбата со коронавирусот во Куманово, кажа Филипче
Во Куманово се работи интензивно, будно ја следиме состојбата. Земени се повеќе материјали во однос на претходните денови, но многу е рано да се каже дали е ова драматично зголемување на заболени од коронавирусот или не, министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција.

- Многу рано е да се каже дали ова е драматично зголемување. Ќе ја пратиме будно состојбата и во текот на следните денови, свесни сме за барањата, но барања стигнуваат и од повеќе општини. Одлуките ги носиме врз основа на проценката на еподемиолозите на поврзаноста, на случаите детектирани во тој момент и каква е нивната релација за кластерите во однос на иницијалниот извор на болеста. Не може врз основа на денешните тестови да се процени во која насокаќе оди детекцијата на случаи конкретно во Куманово, - изјави Филипче.
Во Куманово денеска беа заболени 23 граѓани, со што бројот на заболени се зголеми двојно и изнесува 47 исто колку и Дебар.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, веќе извесно време бара во градот да се воведе карантин, но Владата не го прифаќа барањето.