×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Царовска води кампања за самопромоција наместо за реформи во образованието, порача Давидовиќ

    25.02.2021 12:36 | KumanovoNews

     Мила Царовска води политичка кампања наместо да ги спроведе крупните реформи во образованите кои ги најави кога дојде на чело на министерството, обвини Милан Давидовиќ од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово на прес-конференција.

    Царовска води кампања за самопромоција наместо за реформи во образованието, порача Давидовиќ

    „Под мотото: „Учи паметно работи стручно“ всушност си води политичка кампања. Бидејќи колку и да и се чесни намерите, не можеме да се оттргнеме од впечатокот дека ова е кампања првенствено за нејзина самопромоција, а најмалку станува збор за создавање услови за образување стручни кадри согласно потребите на стопанството. И овојпат гледаме лицемерие кај функционери од СДСМ, со оглед на тоа што во Куманово изминативе четири години не отвори ни еден производствен погон, а за соработката помеѓу стручните училишта и стопанските субјекти од градот им текна неколку дена пред нејзината посета“,  изјави портпаролот Милан Давидовиќ.

    Според него, Царовска не може да ги погледне во очи матурантите врз кои преку наставниците вршеле притисок, студентите кои имаат скромни оброци во домовите и учениците кои се образуваат во мизерни услови без соодветни учебници по стручните предмети и странските јазици.

    Во однос на новата Концепција во образованието, од партијата реагираат дека голем број на наставници се исплашени за своите работни позиции и треба бргу да се решаваат проблемите во правец на сите засегнати страни, иако од МОН најавиле дека никој нема да го изгуби своето место во образовните институции.

    Давидовиќ смета дека Општина Куманово има скромна училишна инфраструктура за потребите на една модерна настава, која не е соодветна за онаа настава којашто се предвидува со новата Концепција за основно образование, а не се реализирани ни ветувањата за нови сместувачки капацитети во градинката.

    „ Граѓаните на Општина Куманово ја запознаа Царовска по битката за превласт над детската градинска „Ангел Шајче“ која ја водеше со градоначалникот Димитриевски, само и само заради поставување свој кадар. За жал, освен по ова, и по отворањето на еден проширен дел во еден клон од „Ангел Шајче“, не видовме сериозна грижа за незгрижените деца од предучилишна возраст во детски установи, односно изградба на нови детски градинки кои ќе ги задоволат потребите на нашата општина. Дали вакви битки ќе водат и за именување директори на училиштата или ќе се занимаваат со суштински работи поврзани со квалитетот на воспитно-образовниот процес, допрва ќе бидеме сведоци“,  заврши Давидовиќ.

    (Д.Д.)