×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе продолжи поставувањето на „лежечки полицајци“ во Куманово

    08.10.2020 11:21 | KumanovoNews

    Општина Куманово ќе продолжи со поставување на подигнати пешачки премини на повеќе локации во градот и покрај противењето на дел од граѓаните, најави градоначалникот Максим Димитриевски.

    Ќе продолжи поставувањето на „лежечки полицајци“ во Куманово

    Целта да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се натераат несовесните возачи да ја прилагодат брзината според условите на патот во населено место.

    - Имаме многу барања од граѓаните за поставување на подигнати пешачки премини или успорувачи во сообраќајот. Различни се коментарите на граѓаните, задоволни се тие коишто живеат на тие улици каде што се поставуваат, а оние што не живеат на тие локации туку само ги користат се против. За мене како градоначалник и на Општината најбитна работа е безбедноста на најмладите во сообраќајот. Затоа дадовме приоритет на локациите во близина на основните и средни училишта, детски градинки и јавни установи. Ние ќе продолжиме со тој интензитет, - изјави градоначалникот Димитриевски.

    Тој додаде дека во последните три години поставиле најмалку 60 „лежечки полицајци“ на различни локации, но нема надлежност да поставува на регионалните патишта.

    Минатата недела поставени се средства за намалување на брзина на движење на возилата во близина на ОУ „Битолски Конгрес" с. Лопате.