×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се градат хотели, големи трговски центри и фабрики за лесна индустија во зоната „Речица“

    09.04.2021 10:55 | KumanovoNews

     На 12 парцели  во индустриската зона „Речица“, покрај Куманово ќе се градат големи трговски центри , хотели и фабрики .

    Ќе се градат хотели, големи трговски центри и фабрики за лесна индустија во зоната „Речица“

    Општина Куманово на крајот на мај ќе објави јавно наддавање на 4 парцели за изградба на фабрики за лесна и незагадувачка индустрија, две за хотели и шест за големи трговски  центри. Почетната цена на земјиштето за лесна индустрија ќе биде 61 денар по метар квадратен, за хотелски комплекс 283 денари  и за големи трговски центри 800 денари од метар квадратен.

    Општина Куманово денеска организираше on–line презентација пред амбасадорите и инвеститори, на која им ги претстави можностите за инвестирање, начинот и постапката за стекнување со имот за инвестиција во новата индустриска зона.

    „Сакам да истакнам дека има голема заинтересираност од потенцијалните домашни и странски инвеститори за индустриската зона. Оваа презентација требаше да се изврши минатото лето, но корона кризата ги пролонгираше работите. Ние како Општина за првпат организираме јавно надавање на градежни парцели, до сега тоа одеше преку Министерството за транспорт и врски, и се трудиме да направиме што поголема промоција за да привлечеме што повеќе инвеститори и да ги запознаеме со можностите кои што ги нуди оваа индустриска зона“, истакна градоначалникот Максим Димитриевски, кој најави дека ова е само првата фаза од продажбата.

    Од Секторот за урбанизам објаснија дека парецелите се со различна големина, најмалата површина е 5000 метри квадратни, а најголемата 13.500 квадрати. Право на учество имаат физички лица и домашни и странски фирми.

    Купувачот имаат обврска во рок од 10 години да го изградат фабриката или објектот за основната намена и немаат право да ја продаваат градежната парцела.

    Доколку некој понуди најниска цена, и се откаже по потпишување на договорот ќе плаќа пенали, а ќе му се активира банкарската гаранција и губи право за учество на јавни наддавања.  

    Во индустриската зона „Речица“, досега има изградено две фабрика, едната за лесна хемиска индустрија и другата за производство на марихуана.

    Зоната е со површина од 65 хектари и се наоѓа на Коридорот 10, на автопатот Куманово-граничен премин Табановце, кај селото Речица.

    Индустриската зона „Речица“, на хартија постои десетина години, но безуспешни беа обидите на поранешната локална власт да добие поддршка од предходната влада. Дел од атрактивните парцели беа продадени од Министерството за транспорт и врски, но немаше воља да се развива и да се инвестира во неа и покрај големата потреба на стопанствениците. Во истиот период се изградија  индустриски зони во населени места, во населбите Карпош и Доброшане.

    Пред година ипол Владата обезбеди 20 милиони денари за изградба на пристапните патишта, водоводна, фекална и атмосферска канализација, со што се создадоа услови за нејзин развој.

    (С.Н.)

    (Фото: архива)