×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се гради амфитеатар и спортски терени на просторот околу Спомен-костурницата во Куманово

    08.10.2020 05:52 | KumanovoNews

    Со средства добиени преку проект на ЕУ за прекугранична соработка на Куманово и Гњилане, ќе се уредува комплексот околу Спомен-костурницата во Куманово. Проектот предвидува партерно уредување на просторот, засадување зеленило и поставување нова урбана опрема.

    Ќе се гради амфитеатар и спортски терени на просторот околу Спомен-костурницата во Куманово

    - Предвидена е изградба на три спортски терени, трим патеки, справи за вежбање, како и амфитеатар, а ќе се изврши реконструкција на постоечкото игралиште. Доплнително, целиот простор ќе биде озеленет со нови садници и хортикултурно ќе се уреди. Со овој проект ќе се зголемат спортските капацитети и ќе се создадат услови за поголема рекреација на граѓаните. Веќе следната година оваа локација ќе добие нов, модерен лик, рече градоначалникот Максим Димитриевски.

    Проектот за Куманово чини околу 190 илјади евра, градежните работи ќе започнат наредната недела, а треба да завршат до крајот на следната година, но надлежните се надеваат дека тоа ќе се случи порано. По завршување на проектот, Општината планира да вработи редари кои ќе се грижат за урбаната опрема и безбедноста на граѓаните.

    Покрај партерно уредување обезбедени се дополнителни средства за реконструкција на познатата Спомен-куќа, која во иднина ќе послужи за изложба на експонати од културно и историско значење на градот.

    -  За заокружување на целиот комплекс доаѓа и реконструкцијата на Спомен-куќата која исто така се реализира во партнерство на две невладини организации, каде Општина Куманово доби сугрант за реконструкција на куќата, - вели Донка Петровски, советник за претпристапна помош во Одделение за меѓународна соработка и евроинтеграции  

    Градоначалникот Димитриевки се надева дека државата преку Министерството за култура ќе најде пари и ќе ја реконструира Спомен-костурницата на паднатите борци од НОБ, бидејќи се наоѓа во лоша состојба, а е споменик од прва категорија.