Ќе се изработи бодовна картичка за водоснабдување во регионот
Центарот за јавно здравје Куманово заедно со уште неколку институции, до септември ќе изработи бодовна картичка за водоснабдувањето во североисточниот регион.

Целта е да се види каков е пристапот до вода на секој граѓанин, при што ќе бидат опфатени училишните објекти, затворите, социјално-загрозените граѓани и други. Со помош на бодовната картичка ќе се утврдат приоритетите за подобро водоснабдувањето на регионот.
“Ќе се подигне свеста за потребата од обезбедување на еднаков пристап до вода и санитација и прогресивното имплементирање на вода и санитација. Во изработка на бодовната картичка се вклучени и комуналните претпријатија, општината, секторите за образование и секторот за заштита на животна средина. Ќе биде вклучен и Центарот за социјални работи, значи сите оние фактори кои што имаат дел за потполнување на бодовната картичка. Целта на оваа бодовна картичка е да се види каква е состојбата и врз основа на тоа да се одредат приоритетите, за да се делува понатаму да се постигнат целите“- изјави Мимоза Величковски од Центарот за јавно здравје Куманово.
Проектот е поддржан од Секретаријатот за протокол за води, и освен во нашиот ќе се спроведува и во велешко и скопско.