×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се казнат сите што сакаат да профитираат од кризата со корона вирусот, најави Спасовски

    03.03.2020 14:41 | KumanovoNews

     Ќе следат соодветни казни за оние коиишто профитираат на сметка на граѓаните и државата, рече премиерот Оливер Спасовски при денешната посета на граничниот премин во Табановце, за зголемувањето на цените на маските, во време на појавата на корона вирусот во Македонија. 

    Ќе се казнат сите што сакаат да профитираат од кризата со корона вирусот, најави Спасовски

    Спасовски, вели дека го чекаат извештајот кој треба да дојде до Владата за да видат кој ги зголемува цените, за да можат да преземат мерки.  

    -  Ќе реагираме најостро како Влада затоа што не може во рамки на една криза во Северна Макдонија некој да профитира. Ако мисли дека некој може да профитира на сметка на граѓаните и на сметка на државата се лаже, таму каде што ќе видиме дека има серизони пропусти и каде што ќе видиме дека профитот им е поважен од здравјето на граѓаните секако дека ќе следат соодветни казни врз основа на она што ќе го утврдиме,- рече Спасовски.

    Граѓаните реагираат дека цената на маските и деизинфекционите средства во аптеките драстично се зголемува, откако беше прогласен  корона вирусот и во Македонија.