Ќе се направи мини парк на влезот на „Перо Чичо“ за да се спречи создавањето на дивата депонија
ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово, од денеска, повторно започнува со чистење на депонијата пред влезот на населбата „Перо Чичо“ во Куманово, каде ќе засадат дрвја за да се оневозможи одново создавање на истата.

Даниел Стојчевски, директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ упатува апел до несовесните граѓани да престанат со непрописно фрлање на отпад, а локалното население доколку забележи ваква појава да ги информира надележните служби.
- Денеска по кој знае кој пат започнавме со расчистување на дивата депонија пред влезот на населбата „Перо Чичо". Во наредниот период екипите на ЈП „Чистота и зеленило" на оваа локација ќе засадат поголем број на дрвја, за да оневозможиме повторно создавање на истата. Уште еднаш упатувам апел до несовесните граѓани да престанат со непрописно фрлање на отпад, а локалното население доколку забележи ваква појава да ги информораат надележните служби и да пријават,-додава Стојчевски.
Воедно, во соработка со невладина организација „Дром" на оваа локација ќе се направи и мини парк со поставување на урбана опрема.