×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се реконструира Кумановскиот театар

    06.11.2020 11:55 | KumanovoNews

    На почетокот на наредната година ќе започне реконструкција на Кумановскиот театар, откако е изработен проект за реконструкција и адаптација на зградата која е стара и запуштена.

    Ќе се реконструира Кумановскиот театар

     По 50 години, Министерството за култура обезбеди над 16.000 евра за изработка проектот, а предвидени се 200 илјади евра за реализација на првата фаза. Најголеми оштетувања има на кровната конструкција, поради што кровот протекува и ги уништува ѕидовите, а стара е и сцената, столчињата за публика и целиот инвентар во театарот.

    „Зградата на Театар Куманово со години се наоѓа во незавидна состојба, но и покрај тоа имаме успешна работа, изведби на претстави, многубројна публика и посветени луѓе кои се вработени во театарот. Затоа, очекуваме дека со овој проект кој е сработен на едно високо професионално ниво, постепено ќе започне да се враќа стариот сјај на Театар Куманово и ќе се подобрат условите за работа во него. Министерството за култура за првата фаза на изведба на проектот има обезбедено 10 милиони денари и очекуваме по предавањето на проектот во првата половина од 2021  да започне неговата реализација. Изведбата е планирано да оди во фази. Во моментот потребно е да се интервенира на кровната конструкција, но според проценката на архитектите ќе се започне од темелот, со гледалиштето, со сцената, а дури потоа да се оди на кровот, бидејќи таму треба да се постави нова инсталција“, изјави Сашо Тодоровски, директор на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

    Изработката на проектот за реконструкција започна минатата година и ги помина сите фази како што е архитектура, термодинамика, електрика, статика, водовод. Добиена и согласност за реализација на проектотот од Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) и Градежниот институт, а следна фаза е добивање на градежна дозвола во Министерство за транспорт и врски. Пред започнување на градежните работи можно е дополнително испитување на целиот објект заедно со двете училишни згради.