×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се рестартира Тутунскиот комбинат Куманово, најави премиерот Заев

    21.09.2020 08:18 | KumanovoNews

    Со странски инвеститор ќе се рестартира Тутунскиот комбинат „Боро Петрушевски“, поранешен гигант во тутунската индустрија, која вработуваше повеќе од 1000 кумановци, најави премиерот Зоран Заев.

    Ќе се рестартира Тутунскиот комбинат Куманово, најави премиерот Заев

     - Разговараме за неколку стратешни инвестиции во државата, една од нив е ставање во функција, преку стратешки партнер на Тутунскиот комбинат во Куманово. Сакаме да ја реактивираме тутунската дејност за производство на тутунската класа „Отља“, но и да се вработат граѓаните на целиот кумановски регион. Таму ќе се вработат и Албанци, Турци, Срби, Македонци, пред се` врз основа на нивната квалификација,  бидејќи во тој регион има најмногу невработени во моментот во државата и затоа таму ќе алоцираме средства, - изјави премиерот Заев.  

    Владата уште во октомври 2018 година усвои информација за имотот, со цел да се испитаат можностите за рестартирање на комбинатот.

    - Владата ги задолжила УЈП и Агенцијата за управување со одземен имот, во договор со доверителите и сопствениците на имотот, или на дел од него, да влезат во процес со кој ќе ги уредат меѓусебните односи во постапката со која треба да се создадат услови за продажба на вкупниот движен и недвижен имот на потенцијалните инвеститори, - беше наведено во тогашното соопштение на Владата.

    Тутунски комбинат „Боро Петрушевски - Папучар“ со одлука на Кумановскиот суд по вторпат отиде во стечај во април 2013 година, на предлог на Министерството за финансии, односно на Управата за јавни приходи. По акцијата „Пепел“, извршена е ревизија на приватизацијата и со судска одлука акциите се вратени на државата.