Ќе се врши ларвицидна дезинсекција во Куманово
08.04.2020 09:23
| KumanovoNews
Акција за уништување на ларви од комарци, односно ларвицидна дезинсекција на местата каде има застоени води, утре ќе се врши во Општина Куманово.

- На 09.04.2020 година (четврток) на територијата на Општина Куманово ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција, која има за цел уништување на ларвите на комарците. Ова е прв третман за оваа година, кој ќе се врши на стоечки води (бари покрај реки, непроточни потоци) во општината, - соопштуваат надлежните.