×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, вели Димитриевски

    08.05.2025 15:36 | KumanovoNews

    Целта на оваа кампања на СДСМ не сум лично јас, туку преку мене политичкиот субјект кој е најбрзорастечка партија во Македонија, а тоа е Движењето ЗНАМ – За наша Македонија , кажа градоначалникот Максим Димитриевски на денешната прес конференција.

    Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, вели Димитриевски

    „Земјиштето за кое што ме обвинуваат е сопственост на моето семејство кое е наследство од моите предци, а актуелниот ДУП е донесен во 2010 година, во времето на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски-ЦИЦ од СДСМ. Со новиот ДУП постоечката парцела и габарити не се менуваат. Земјиште за кое сега неосновано ме обвинува СДСМ  е со вкупна површина од 1.200 м2, било во сопственост на членови на моето семејство и изнесува само 2,8 проценти од вкупната површина на парцелата во ДУП-от.Инвеститорот ЛИДЛ МК прави преддоговор за откуп на имотот од таа парцела во ДУП -от на 23.февруари. 2024 година и договор за купопродажба на земјиште од 1.200м2 на 26.јануари.2024 година. Врз база на тој преддоговор инвеститорот ЛИДЛ МК на 27.02.2024 година покренува Иницијатива за усогласување на номенклатурата на постоечкиот ДУП согласно со новиот закон за урбанистичко планирање од 2020 година донесен од СДСМ. Советот на Општина Куманово донесе Одлука за усвојување на Нацрт ДУП-от и постапката е во тек“, кажа Димитриевски.

    Во однос на поддршката на ДУИ, тој кажа дека ставот на ЗНАМ е конзистентен и нема соработка со нереформиран ДУИ. 

    „Јас не им должам ништо, ниту на ДУИ, ниту на СДСМ, ниту пак на нивните тајкуни. Токму затоа им пречам, затоа што не можат да ме купат, уценат, ниту пак да ме заплашат“.

    Тој ги повика институциите да го испитаат овој предмет и да ја утврдат фактичка состојба. Доколку се утврди било каква кривична одговорност да поднесат кривични пријави против сите засегнати лица.