×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Целосно е реконструиран ученичкиот дом во Куманово

    26.11.2020 13:31 | KumanovoNews

     Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ во Куманово е целосно реконструиран и адаптиран, со што се подобрени условите за живот и учење на сто и дваесет ученици со лесна физичка попреченост.

    Целосно е реконструиран ученичкиот дом во Куманово

    Во Домот кој целосно е прилагоден за учениците со лесна физичка попреченост направени се пет апартмани за средносшколци-со физичка попреченост, како и за згрижување на лица жртви на семејно насилство, како и за лица кои биле изложени на пожари и поплави.

    Проектот е дел од грантовата шема за „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” подржан од Швајцарска агенција за обнова и развој преку Амбасадата на Швајцарија во РСМ и Министерството за локална самоуправа. Вкупниот буџет за реконструкцијата и адаптацијата е над 10 милиони денари.

    Како што појасни министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, при денешната посета на Домот, овозможен е упис на 6 ученици од средното образование. Целта на проектот е да се подобрат и осовременат досегашните услуги, како и да се воведат нови услуги кои не постојат во регионот.

    „Вкупниот буџет е над 10 милиони денари, а главна цел на проектот е подобрување и осовременување на досегашните услуги и услови за целодневен престој на корисниците во Ученичкиот дом ,,Професор Мијалковиќ’’, Куманово како и воведување на нови услуги кои не постојат во регионот, а се однесуваат на згрижување на ученици со лесна физичка попреченост кои се во состојба да следат редовна средношколска настава и згрижување и целосен психофизички третман на жртви на семејно насилство и жртви од пожари и поплави кои се повремени корисници на услугите на Ученичкиот Дом“, рече министерот.

    Тој додаде и дека за реализација на проектот направена е реконструкција и адаптација на Ученичкиот дом која опфаќа инфраструктурно уредување на просторот, приспособување на пристап за лица со посебни потреби, поставување на пристапна рампа и лифткар- гасеничар, прилагодување на дел од собите, односно изведба на тоалети приспособени за користење на лица со посебни потреби, промена на прозорци, врати и промена на фасада, преуредување на заеднички простории, сала за пинг-понг и прилагодување за користење за повеќе намени кои се во интерес на учениците како што е простор за регионални состаноци, обуки, семинари на коишто ќе има инфраструктурна пристапност и за лица со физичка попреченост.

    Амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер, рече дека социјалната инклузија е  една од темите коишто за жал се изоставуваат, но потенцираше дека тоа е една од клучните швајцарски вредностио со мотото „Никого не оставајте изоставен“, што е една од целите на ООН за одржлив развој.

    „Многу сум среќна што сум денеска во Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ и ја гледам посветеноста на тимот да ги отвори вратите за жртвите на семејно насилство и природни опасности, како и да го направи достапен за студентите со попреченост“, додаде Зутер.

    Таа вели дека овој проект е само мал чекор кон постигнување кохезија во општеството, но сепак треба да послужи како пример за владата и локалните власти во подготовката на идните проекти и програми, секогаш да се земат предвид потребите на социјално исклучените луѓе.

     Градоначалникот Максим Димитриевски, посака уште вакви успешни проекти и потенцираше дека е задоволен што овие средства се успешно реализирани.

    „Задоволен сум од она што ни беше презентирано од страна на директорката на домот  така што овие средства се успешно инвестирани во нашиот град, за подобрување на условите за живот на лицата кои што го завршуваат воспитно образовниот процес во нашата општина, а живеат во целиот регион и конкретно учат во средните училишта во Општина Куманово“, истакна градоначалникот на Куманово.

    Директорката на домот Љубица Павловски се заблагодари на сите кои вложија напори за домот повторно да добие нов лик.

    „Ова донација како институција многу ни значи за да ги подобриме условите за живот и вршење воспитно образовна работа на учениците кои што доаѓаат од целиот Североисточен регион. На овој начин учениците ќе можат да се чувствуваат како дома, ќе имаат подобри услови и со тоа ќе се зголеми нивниот број и продуктивност. Се надевам дека вакви проекти ќе има уште, како за нашиот град, така и за другите општини во републикава“, рече за крај директорката на домот, Љубица Павловски.

    (Ф.М.)