×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Цената на природниот гас покачена за трипати , корисниците ги откажуваат услугите на ЈП Куманово гас

    29.11.2022 11:27 | Оливера Пешевска

    Цената на природниот гас се зголемила за 3-пати во однос на декември минатата година, заради што голем дел од корисниците ги откажаа услугите на ЈП Куманово гас.

    Цената на природниот гас покачена за трипати , корисниците ги откажуваат услугите на ЈП Куманово гас

    Лани, потрошувачите на природен гас  плаќале по 30 денари за метар кубен ,а за декември годинава од дистирибутерот Пром-Гас најавена е цена од 90 денари . Во септември била забележена највисоката цена од 155 денари и оттогаш бележи пад.

    Од ЈП Куманово гас информираат дека се гарантирани доволни количини до јануари 2023 година, но актуелните цени принудиле многу од нивните клиенти да бараат алтернативни начини за загревање оваа зима. Бидејќи грејна сезона веќе е започната ,  не се очекува да се зголемува бројот на склучени договори до пролетта идната година.

    „Веќе се набавени нафта, дрва,пелети за домаќинствата и додека не се потрошат набавените количини никој нема да се преориентира на друг енергенс. Со сегашниве цени веќе сме конкурентни со екстра лесното масло за горење,но се уште е поскап гасот од дрвата, струјата, пелетите“ појаснува Марко Митровски,директор на ЈП Куманово Гас.

    Според претпријатието, по слободната процена   цената на гасот би требала да биде  околу 50 денари за да бидат конкуретни со другите енергенси. Во моментот,  имаат склучено договор со 30 домаќинства и околу 100 правни субјекти. На мрежата се приклучени 4 објекти на градинката,  Домот за стари лица, ЈП Водовод и ОУ Браќа Миладиновци.Некои од нив,како на пример ЈЗУ Општа Болница Куманово,го раскинала договорот со претпријатието пред почетокот на грејната сезона.

    “Природениот гас останува да се користи онаму каде нема можност за друг начин за греење. Договорите се склучуваат на неограничен рок,но се тарифира само потрошениот гас и доколку нема потрошувачка не се фактурира на корисниците,па граѓаните можат да бидат мирни што се однесува за сметки за природен гас“, вели Митровски.

    Директорот тврди дека гасот е  најкалоричен енергенс, кој дава убава и пријатна дневна температура и онаму каде загревањето одело многу тешко.

    „По инсталирање на опремата и доводот за природен гас во една од градинките персоналот коментира дека дел од занимавалните ,кои никако не можеле да ги загреат, сега добиваат доволно топлина за 1-2 часа од вклучувањето. И се многу задоволни од моменталните услови за згрижување на децата и нивните работни услови“, тврди Митровски.

    Тој смета дека ситуацијата во која се наоѓаат е наметната од глобалните случувања и многу тешко е да се прогнозира како ќе се одвиваат работите следната година.Но цврсто стои на уверувањето дека не постои подобар, почист и поедноставен начин за користење на граѓаните.Како што објаснува доводот е до објектот-корисник,а инсталацијата е со компјутерско регулирање и со еден прекинувач добивате топол дом или енергенс за приготвување ручек,топла вода за бањата или во кујната.Самата инсталација има можност за одложено вклучување,па може да се темпира однапред времето кога ќе почне загревањето.

    Досега ЈП Куманово гас има мрежа со должина од 23 километри во градот.Се работи на проширување на гасоводната мрежа,но со сегашниве цени очекуваат  стагнација во потпишување на нови договори. За нов приклучок цената е 800 евра,   но 250 евра субвенционира општината,па заинтересираните би платиле 550 евра до објектот.Внатрешната инсталација-котел,цевки,радијатори и негово редовно одржување паѓа на товар на сопственикот на куќата или станот.