×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Цената на струјата нема се зголеми над 10 отсто, кажа министерот Бектеши

    08.12.2021 19:41 | Сузана Николиќ

    Енергетските компании побарале покачување на цената на струјата, но Владата нашла начин цената да не се зголеми за над 10 отсто во наредните шест месеци, кажа министерот за економија Крешник Бектеши.

    Цената на струјата нема се зголеми над 10 отсто, кажа министерот Бектеши

    „Согласно сите проекции зголемување на цената на електричната енергија поголемо од 10% нема да има, со што се отфрлаат сите анализи, предвидувања и од експерти и од одредени политички партии дека зголемувањето ќе биде над 30, 40 па и повеќе. Мора да се наведе дека е вистина дека енергетските компании побарале покачување на цената, некаде и за 100%, но како Влада и економски тим најдовме начин да им излеземе во пресрет на граѓаните и цената нема да се зголеми над 10% во наредните 6 месеци“, изјави Бектеши за време на денешната посета на Попова Шапка.

    ЕСМ веќе достави до Владата табели за препорачана цена за количините на енергија што ќе ги испорачаат кон ЕВН Хоум. Нова цена на струјата се очекува да биде одредена до крајот на годината.