×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Цените на бензинот и дизелот не се менуваат, мазутот со мало поевтинување

    25.10.2021 20:29 | Сузана Николиќ

    Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека вечерва по полноќ нема да се менуваат цените на безнинот и на дизел горивата на бензинските пумпи. 

    Цените на бензинот и дизелот не се менуваат, мазутот со мало поевтинување

    Бензинот од 98 октани останува со цената 78,5 денари по литар, „обичниот“  бензин по цена од 76,5 денари, дизел горивото ќе се продава и натаму по цена од 68,5 денари, додека нафтата за домаќинствата останува со цената од 68 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,633 денар/килограм и сега ќе изнесува 42,377 ден/кг.

    Регулаторната комисија потсетува дека тоа се максималните цени на нафтените деривати, но дека трговците со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

    „Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 1,04%, кај дизелот за 0,304 %, кај екстра лесното масло за 0,357 % и кај мазутот за 0,402 %. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,454 %“, се вели во соопштението од Регулаторната комисија за енергетика.