Цените на горивата се намалуваат за 1 денар
12.09.2022 15:05
| Сузана Николиќ
Од вечерва по полноќ цените на бензините, дизелот и нафтата за домаќинствата се намалуваат за 1 денар по литар, а намалување има и кај мазутот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новите максимални цени во продажбата ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС - 95 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС - 98 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 97,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,473 (денари/килограм)