×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Цените на становите во пораст – што ги поскапе недвижностите?

    21.01.2021 09:07 | KumanovoNews

    Цените на становите во пораст – се намалува бројот на издадени одбренија за градба.

    Цените на становите во пораст – што ги поскапе недвижностите?

    На пазарот со недвижности, конкретно со продажба на станови изминатиот период е регистриран тренд на поскапување на метар квадратен станбен простор, пренесува Мета.мк. Позади ова стојат повеќе причини, а една од нив и мориториумите за градба кои се на сила во дел од општините.

    На истекот од 2020 година, Државниот завод за статистика регистрира „негативни“ трендови во градежниот бизнис. Во ноември во споредба со истиот месец минатата година е намален бројот на издадени одобрени за грдаба, но се намалува и вредноста на објектите кои треба да се изградат. Конкретно, во единаесетиот месец од 2020 г. биле издадени 208 одобренија за градба на територијата на целата држава што е за 14,4 отсто помалку во однос на 2019 г., истиот месец.

     Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 112 (53.9 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 20 (9.6 отсто) за објекти од нискоградба и 76 (36.5 отсто) за објекти за реконструкција – наведува Заводот за статистика.

    Предвидената вредност на објектите во ноември изнесувала 31,2 милиони евра што е за дури 22,2 отсто помалку во однос на анализираниот период лани. Само кај предвидената изградба на станови регистриран е пад за дури 61,6 отсто.

    Во ноември била предвидена изградба на 302 станови, најголем дел или 91 во скопскиот регион, 50 во североисточниот регион, 47 во југозападниот регион и 33 во вардарскиот регион. Во останатите региони била предвидена изградба на помалку од 30 станови.

    Забавената изградба на нови станови, рестрикциите за градење во одредени општини и зголемените трошоци во градежништвото ја зголемија цената на метар квадратен – коментираат луѓето од градежниот бизнис.

    Во изминатиот период се забележува тренд на постојано зголемување на цените на недвижностите. За ова постојат повеќе причини. Една од клучните е што се зголеми цената на трудот во овој сектор, односно зголемени цени на услуги во градежништво, потоа се зголемија и цените на градежните материјали во 2020 година – уште еден фактор што влијаеше врз пораст на трошоците за работа, вели Ивица Јакимовски од Градежната комора на Македонија.

    Овој тренд на ценовен пораст го регистрираше и Народната банка – на крајот од 2020 година е регистриран раст од 1,7 отсто. Но, не само трошоците, туку и сегашните мораториуми предизвикаа „поместувања“ на пазарот на недвижности. Во бизнис круговите се коментира дека цената на квадратен метар во Центар достигнува и до 1.300 евра за нов стан.

     Врз цената на становите неизбежно влијаеше и мораториумот на териорија на општина Центар, односно неможноста за градење што предизвика застој во градежните работи, па дури и загуби за одредени фирми. Овој мораториум се покажа како незаконски, што беше потврдено од Уставен суд. Потоа на територија на општина Карпош имавме укинати Детални Урбанистички Планови по вина на Општината, а од страна на Уставен Суд. Сите овие политики имаат влијание во бизнисот, во понудата на пазарот, вели Јакимовски и додава дека и со сегашните цени на недвижности Македонија во споредба со земјите од опкружувањето има најниски цени за метар квадратен станбен простор.

    Податоците од банките покажуваат дека во ноември, на годишно ниво, регистриран е пораст на станбените кредити за 13,6 проценти. Граѓаните на крајот од ноември по основ на станбени кредити во банките должеле 930 милиони евра.