Мени

Центарот за култура ги откажа културните настани за утре

24.02.2020 11:18 | KumanovoNews

Поради прогласување на Ден на жалост во Општина Куманово, утре ќе бидат откажани сите културни, забавни и спортски манифестации.

Центарот за култура ги откажа културните настани за утре

Културните институции веќе ги откажуваат своите настани.

Од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, ги известува граѓаните дека претставата „Чекајќи го министерот“ којашто требаше да се игра утре ќе се одложи за во петок.

- Поради тоа што 25 февруари прогласен за Ден на жалост во Куманово, поради несреќата која им се случи на нашите сограѓани од с.Романовце, информираме дека претставата „Чекајќи го министерот“ закажана за утре (25.02.2020) ќе се одржи во петок (28.02.2020) со почеток од 19 и 21 часот,- стои во соопштението.