18. 05. 2020 15:35

Центарот за вработување врши евиденција само за прво пријавување и за оние кои останале без работа, останатите кога ќе помине корона кризата

Центарот за вработување врши евиденција само за прво пријавување и за оние кои останале без работа, останатите кога ќе помине корона кризата

Агенцијата за вработување во Куманово, за време на вонредната состојба поради коронавирусот, врши пријавување само на лицата коишто за првпат се пријавуваат како невработени или пак на оние лица коишто во моментот им престанал работниот однос.

Како што информира Марија Димитријевска, раководител на Центарот за вработување во Куманово, редовното пријавување сѐ уште е запрено.

„Редовното пријавување е времено запрено и оправдано. Луѓето кои претходно се пријавувале на месец дена, сега нема да се пријавуваат за време на вонредната состојба. Оние коишто не биле пријавени или пак кои претходно се пријавувале, а сега не се во работен однос, можат да дојдат да се пријават. Секако за време на пријавувањето мора да ги почитуваат мерките за заштита, пропишани од Владата. Сѐ уште и ние не располагаме со информациите кога ќе започне регуланото пријавување“, вели Димитријевска.

Таа додава и дека откако ќе се донесе одлука за регуларно пријавување, дека пријавувањето нема да биде во еден или два дена, туку ќе потрае месец дена со цел да не се направи поголема гужва и да се предизвикаат несакани ефекти.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk