Честитка од градоначалникот за Рамазан Бајрам
17.07.2015 10:45
| KumanovoNews
Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски на сите муслимански верници им го честита празникот Рамазан Бајрам.
На сите нив им посакува добро здравје, мир, радост и успех во животот.
“Ваквите празници се момент кога се зацврстуваат толеранцијата, човечките, меѓукултурните и меѓуверските односи кај луѓето. Мултиетничкото општество во кое ние живееме се одликува со почитување на различностите и заедничките цели и вредности кои ги споделуваме како граѓани на една иста општина. Ви посакувам благослов,среќа и убави празнични денови за време на Рамазан Бајрам“-стои во честитката од Градоначалникот.