Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Рамазан Бајрам
25.06.2017 08:38
| KumanovoNews
На сите верници од исламската вероисповед Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ им посакува празничната радост да ја споделат со семејството и пријателите во мир, меѓусебно разбирање и благосостојба.

„Одбележувањето на овој голем исламски празник не потсетува дека верата, трпеливоста и молитвата даваат духовен мир, а почитувањето на блиските и споделувањето со оние кои имаат помалку се хумани вредности за кои сите се залагаме. Вербата во Бога да нè води кон вистинскиот пат, меѓу луѓето да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква било друга определба“, - стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.