Честитка за Илинден од претседателот на Советот
Претседателот на Советот на Општина Куманово, Александар Арсиќ, упати честитка до граѓаните по повод двата Илиндена.

„Се навршуваат 114 години од Илинденското востание и 73 години од Првото заседание на АСНОМ. Пред нас е нова и постојана борба, борба за напредна, современа и достоинствена македонска држава, рамо до рамо со сите европски држави. Со оваа битка ќе биде потврдена вековната определба за еднаквост и рамноправност на сите народи кои живеат на овие простори, на заедничка борба за создавање на самостојна и суверена држава, но и битка за членство во Европската унија и НАТО алијансата. Дозволете ми да ви го честитам големиот македонски празник, – стои во честитката на претседателот на Советот.