Четири пожари на запалена сува трева
29.07.2015 09:40
| KumanovoNews
Четири пожари се регистрирани во изминатите 48 часа на подрачјето на општината Куманово.

Завчера од 22.05 часот до 23,10 часот, пожарникарите интервенирале на пожар со сува трева и смет во местото викано Стари Лојза. Истата ноќ околу 01.30 часот гаснето е запалено стрниште во нас.Карпош на ул.100.
Вчера од 13 до 14 часот горела сува трева на Стадион Башкими, додека од 18.35 до 19:12 часот интервенирано е на запалена сува трева во место викано Багрем Бања.