Четворица кумановци истепале сограѓанин
25.12.2014 14:12
| KumanovoNews
Четворица кумановци истепале сограѓанин, при што му нанеле повреди по главата и телото.

Двајца кумановци во ноември годинава околу 2.45 часот по полноќ, се движеле по улица и пред нив излегле К.И.(21), П.П.(21), Ф.А.(21) и Т.А.(21), сите од Куманово. К.И. фрлил стаклено шише кон едно од лицата, а потоа сите физички го нападнале и му нанеле повреди на главата и телото, а кај другото лице предизвикале чувство на страв и несигурност.
Четворицата кумановци ќе одговараат за кривично дело насилство.