18. 09. 2020 19:13

Четворица кумановци - заменици министри во новата Влада

Четворица кумановци - заменици министри во новата Влада

Четворица кумановци се на листата за заменици - министри во Владата што попладнево премиерот Зоран Заев ја достави до Собранието.

За заменик министер во Министерството за финансии е предложен Димитар Ковачевски. Ковачевски својата кариера ја започна во Македонски телеком каде беше на повеќе раководни позиции, а во 2016 година е назначен за извршен директор на ОНЕ.ВИП. Ковачевски е вонреден професор на Универзитет Американ Колеџ Скопје, шеф на катедра за маркетинг.

Зоран Маневски е заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија. Маневски е дипломиран економист, кадар на НСДП, во предходната Влада беше државен секретар во Министерството за транспорт и врски.  

Досегашниот министер за земјоделие Трајан Димковски останува во ова министерство и ќе продолжи да работи како заменик- министер. Димковски е дипломиран инженер по земјоделство со специјалност закројување.

Илир Хасани ќе биде заменик министер за здравство, а во моментот е директор на Ургентен центар Скопје.

Собранието ќе ги гласа замениците-министри на седницата закажана за вторник, 22 септември.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk