Четворица новозаболени и еден починат од коронавирус во Куманово
Во Центарот за јавно здравје во Куманово во изманитото деноноќие откриени се четири нови случаи на заболени од ковид-19. Едно лице починало.

Во последните 24 часа регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 од направени 1367 тестирања. По градови: Скопје 63, Куманово 4, Дебар 6, Штип 4, Прилеп 2, Тетово 14, Струга 6, Велес 2, Битола 1, Охрид 4, Гостивар 12, Свети Николе 1 и Кичево 1.
Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово и двајца пациенти од Тетово. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица.
Досега во земјата се направени вкупно 69.426 тестирања на ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7244, бројката на оздравени пациенти е 3324, на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3569.