Четворица повредени во сообраќајка кај Скачковце
20.07.2020 10:15
| KumanovoNews
Четири лица се повредени при судир на два автомобила на регионалниот пат Куманово - Свети Николе, во близина на селото Скачковце.

Сообраќајката се случила вчера околу 15 часот помеѓу патничко возило „шевролет спарк“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.З.(21) од с.Скачковце и патничко возило „бмв“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ш.(30) од Куманово.
По незгодата, Ш.Ш., М.З. и сопатниците од патничко моторно возило „бмв“, Г.Ш.(31) и Н.Ш.(62), двајцата од Куманово биле пренесени во Клиничка болница Куманово за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.