×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЦИД ќе избира најдобра бизнис идеја

    29.05.2015 10:17 | KumanovoNews

    Центарот за меѓукултурен дијалог во рамки на проектот  'е-регион: можност за развој', распишува конкурс за претприемачки иницијативи 'Мојата бизнис идеја'.

    ЦИД ќе избира најдобра бизнис идеја

    Предлозите се испраќаат само во електронска верзија на  мејлот [email protected], а рокот за пријавување на предлозите трае до 1 јуни.

    „Овој конкурс е наменет за млади креативци, кои бараат можност да ги презентираат своите претприемачки и бизнис идеи. Предлозите треба да содржат оргинална идеја за претприемничка иницијатива, со особен акцент на е-претприемништво. Иницијативите треба да имаат позитивно влијание врз подобрување на квалитетот на животот на населението во прекуграничниот регион на Република Македонија и Република Бугарија“ - велат од ЦИД.

    Прво пласираната идеја ќе биде наградена со таблет, а второ и трето пласираните ќе добијат стартен фонд од 3000 денари за реализација.